POPLAVI KENIJA

29.04.2024 Скопје

Во Кенија ќе се продолжи распустот до шести мај, поради големите поплави кои однесоа голем број на жртви. Обилните дождови кои ја погодија оваа источноафриканска земја од средината на март и досега, однесоа речиси 100 животи.

Според податоците досега, 93 лица загинаа во поплавите, а се очекува бројот да се зголеми, откако синоќа се преврте брод во северниот округ Гариса. Црвен крст во Кенија, соопшти дека 23 лица биле спасени од чамецот, а десетина се водат како исчезнати.

Во соопштението на Министерството за образование се наведува дека во несреќата се поплавени 100 училишта. Обилни дождови траат од средината на март, а Одделот за метеорологија на земјата предупредува на опасност од нови поројни врнежи.

Најголем број жртви се евидентирани во Најроби, каде беше поплавен и аеродромот. Повеќе од 200.000 луѓе низ земјата се погодени од поплавите. Тамошниот претседател Вилијам Руто, побара од Националната служба за млади, да обезбеди земјиште за привремени кампови за погодените од поплавите, со цел да можат поефективно да се справат со ова природна катастрофа.

Подготвено од М.Д.

About Author