velika britanija se namaluva ekonomskiod pad

16.04.2024 Скопје

Невработеноста во Велика Британија во тримесечниот период од декември 2023 до февруари 2024 година изнесува 4,2 отсто.

Ова претставува зголемување во споредба со 3,9 отсто во претходниот квартал, објави денеска на својата веб-страница Британската канцеларија за национална статистика (ONS).

Пазарите најавуваа поскромно зголемување на британската инфлација до четири проценти.

Вкупниот број на невработени во Велика Британија се зголеми за 85.000 на вкупно 1,44 милиони во периодот од декември до февруари, додека вкупниот број на вработени во Велика Британија се намали за 156.000 на 32,98 милиони. Стапката на вработеност во споменатиот квартал е 74,5 отсто, а процентот на економски неактивни лица на возраст од 16 до 64 години е 22,2 отсто.

Претставничката на Канцеларијата за национална статистика Лиз Мекјун предупреди дека има знаци дека „пазарот на трудот почнува да се лади“ бидејќи вработеноста опаѓа, но предупреди дека се потребни повеќе податоци за да се извлечат јасни заклучоци.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author