netanjahu premier na izrael

12.04.2024 Скопје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел е подготвен да одговори доколку биде нападнат.

„Поставивме едноставен принцип, кој и да не нападне, ние возвраќаме“, рекол Нетанјаху при посетата на флотата на авиони Ф15 и се претпоставува дека со оваа изјава алудирал на неодамнешните закани од Иран.

„Се наоѓаме во предизвикувачки времиња. Се наоѓаме во средината на војната во Газа која продолжува со полна сила. Покрај тоа, ние продолжуваме со нашите немилосрдни напори да ги вратиме нашите заложници, но исто така се подготвуваме за предизвици кои доаѓаат од други фронтови“, истакна Нетанјаху и им порача на пилотите на оваа флота дека тој и целиот Израел верува во нив.

Во нападот на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април загинаа командантот на Револуционерната гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет офицери кои ги придружуваа.

Израел тврди дека не стои зад нападот, додека неколку официјални лица од Техеран, исто така, претходно се заканија со одмазда за нападот, вклучувајќи го и иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, кој рече дека „тој злобниот режим мора да биде казнет и ќе биде казнет“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author