netanjahu premier na izrael

18.04.2024 Скопје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел сам ќе донесе одлуки.

„Сите тие имаат различни предлози и совети. Го ценам тоа. Но, сакам да биде јасно – ние самите ќе донесеме одлуки и израелската држава ќе направи се што е потребно за да се одбрани“, изјави Нетанјаху по состанокот со министрите за надворешни работи на Велика Британија и Германија.

Претходно денеска, британскиот министер за надворешни работи Џејмс Камерон изјави дека дошол на состанокот за да се солидаризира со Израел, но и дека се надева дека неговиот одговор на нападот од Иран ќе биде „паметен и што е можно поограничен“.

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Баербок, по средбата предупреди како и Камерон дека не треба да има ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

„Тоа не би помогнало никому, ниту на безбедноста на Израел, ниту на десетиците заложници кои се уште се во рацете на Хамас, ниту на многуте луѓе во Иран кои страдаат под тој режим, ниту на другите земји во регионот кои едноставно сакаат да живееме во мир“, рече Баербок.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси предупреди, по повод парадата на Денот на армијата, дека следната иранска одмаздничка операција против Израел нема да биде „ограничена“, додавајќи дека претходната „Операција искрено ветување“ била казнена, но не и сеопфатна по природа.

Иран во текот на ноќта изврши напад со беспилотни летала и балистички и крстосувачки ракети врз Израел како одмазда за нападот на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, за кој го обвини Израел.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author