09.04.2024 Скопје
Како што започнува хималајската планинарска сезона во 2024 година, во тек е уште еден проект на висока надморска височина: отстранување на тони ѓубре од Монт Еверест, како и на преостанатите трупови на алпинисти.
Според непалската војска, Кампањата за чистење на планината отстранила 110 тони отпад меѓу 2019 година, кога започна програмата, и минатата година.
Армијата, која ја спроведува иницијативата за чистење во партнерство со мултинационалниот бренд Унилевер, и оваа година ќе ја води кампањата.
Дванаесет армиски персонал, поддржан од 18 шерпаси, ќе пристигнат во базниот камп Еверест на 14 април за да ја започнат работата.
Покрај отстранувањето на околу десет тони ѓубре, војската во соопштението рече дека планира да извади пет мртви тела од планината. Овие тела се алпинисти кои загинале обидувајќи се да се искачат на највисокиот врв на светот.
Во 2023 година беше потврдено дека 12 алпинисти загинале на Еверест, додека уште пет официјално се водат како исчезнати.
Подготвено од А.Ѓ.