borben avion

23.04.2024 Скопје

„Во текот на неделава во Хрватска ќе пристигнат првите шест од вкупно 12-те купени борбени авиони Рафал“, соопшти хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ.

Анушиќ на социјалната мрежа X напиша дека со историски прелет од Бордо до Загреб, пилотите на хрватското воено воздухопловство, кои беа обучени во Франција, в четврток ќе ги донесат моќните ловци и нови заштитници на хрватскиот воздушен простор.

„Модернизацијата на воздушната флота е најголемата инвестиција на Владата и Министерството за одбрана во безбедноста на Хрватска“, додаде хрватскиот министер за одбрана.

Во 2021 година Хрватска потпиша договор со Франција за купување на 12 половни француски борбени авиони „Рафал“ во вредност од 999 милиони евра.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author