04.04.2024 Скопје
Научниците во Австрија работат на изум кој би можел да го промени начинот на кој гледаме на одржливата технологија.
Истражувачите од Австрискиот институт за технологија (AIT) работат на правење батерии од рециклирани материјали, а 35 експерти работат на овој амбициозен проект во Флоридсдорф, Виена.
Целта е јасна – да се создадат батерии кои нема да бараат употреба на материјали како литиум, никел и кобалт. Старите батерии, кои моментално се рециклираат само 40 отсто, ќе се користат заедно со алтернативни суровини, како што се отпадот од рудниците и силициумот од соларните панели.
Се разбира, целта не е само производство, туку и создавање одржливо производство. Маркус Јан, раководител на единицата за истражување на батерии во AIT, ја истакна важноста од намалување на употребата на ресурси како што се вода, електрична енергија и гас во производниот процес.
Покрај тоа, се истражуваат различни типови на батерии кои би можеле да се користат во различни области, како возила и електрични скутери.
Подготвено од А.Ѓ.