https://www.facebook.com/photo/?fbid=134858239065020&set=a.134858242398353

15.04.2024 Скопје

Деветовалентанта вакцина против ХПВ ќе пристигне следниот месец, во мај и на вакциналните пункотиви во Република Северна Македонија, освен девојчиња, ќе може да ја примаат и момчиња, соопштија денеска министерот за здравство, Илир Демири и националната координаторка за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова.

Тие заедно со специјалната претставничка на СЗО во земјава, Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Патриција ДиЏовани и претставникот од УНФПА, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која информираа за осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна вакцина против ХПВ.

Демири потенцираше дека покрај преминувањето од четиривалентна на деветвалентна, ХПВ вакцината ќе биде достапна и за момчињата.

Вакцината, според Календарот за имунизација, може да ја примат и момчиња и девојчиња на возраст од 12 до 15 години, а ако се задоцни, може најдоцна да се прими до 18 години, т. е. до крајот на средното образование. Ако се прими на возраст од 12 до 15 години, се дава во две дози, а после 15 години во три дози.

Грозданова истакна дека целта за вакцинирање на момчињата е двојна и дека со тоа се спречува момчињата да бидат трансмитери, односно да ја пренесуваат ХПВ инфекцијата, но и самите да бидат заштитени бидејќи и кај нив се развиваат ХПВ асоцирани болести.

Се проценува дека ХПВ-вакцината може да спречи 70% од случаите на цервикален карцином, 80% од анален карцином, 60% од вагинален карцином, 40% од вулварен карцином, и покажуваат повеќе од 90% успешност во спречувањето на ХПВ-позитивните орофарингеални карциноми. Во однос на заштитата веќе се достапни податоци за потврдена ефикасност од повеќе од 10 години на оваа деветвалентма вакцина.

Според извештајот од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), вкупниот опфат со две дози вакцина против заболувања од ХПВ во земјата изнесува 52, 5 отсто. Покриеност од 100 отсто има само во шест општини: Демир Хисар, Свети Николе, Кочани, Делчево, Кратово и Валандово.

Набавени се 70 илјади дози на деветвалентната ХПВ вакцина за следните три години.

Подготвено од М.Д.

About Author