12.04.2024 Скопје
Најсеверниот регион на Норвешка, Финмарк, побара од Европската комисија да одобри воспоставување временска зона со 26-часовен ден, објавија локалните медиуми.
Локалните власти наведуваат дека ова барање, промовирано од градоначалникот на Вадсо, мал град во Арктичкиот круг во близина на руската граница, што многумина го сметаат за бизарно, има за цел да ги подобри локалните вредности, да го зголеми времето за семејството и да привлече нови жители во регионот.
Во своето писмо до Европската комисија, во кое потврдија дека го добиле барањето, локалните власти во регионот Финмарк бараат ЕК да им нареди на норвешките власти да одобрат создавање временска зона со 26-часовен ден наместо 24- часовен ден.
„Не размислувавме многу за тоа како во пракса ќе функционираат новите временски зони. Мислам дека ЕК нема да го одобри овој предлог, така што не ги разработивме сите детали“, рече Венче Педерсен, градоначалник на Вадсо, нагласувајќи дека овој регион се бори да привлече нови жители.
Подготвено од А.Ѓ.