09.04.2024 Скопје
Компанијата Unitree го создаде својот прв хуманоиден робот, а H1 е пред сите други слични машини.
Роботот H1 води кога станува збор за брзината, а исто така е помоќен и пофлексибилен од хуманоидните роботи на другите компании.
Моментално го држи светскиот рекорд во брзина на роботи – 3,3 метри во секунда, а може самостојно да оди и да трча дури и на сложени терени. Користи 3D камера Lidar благодарение на која добива детални информации за околината.
Нозете се направени така што може да носи голем товар, што ја подобрува силата и флексибилноста. Тоа значи дека овој робот ќе може да извршува широк спектар на различни задачи.
Ова не е прв пат робот Unitree да биде во центарот на вниманието – мал робот Unitree кој изгледа како Spot, робот од Boston Dynamics, најде место во зоолошката градина во Сиднеј во април 2022 година, откако вработените решија да истражат како би животните реагираат на неговото присуство.
Роботот го добил името Спарки, а тој се нашол во кафез со два гепарди. Животните не биле најсреќни, но машината успеала да се снајде.
Подготвено од А.Ѓ.