16.04.2024 Скопје
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 198 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
104 непрописно паркирани возила биле отстранети со помош на специјалните возила „Пајак“, додека 94 возила кои биле затекнати во резидентни зони и биле санкционирани со поставување на механичко средство „Блокатор“.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар“, потсетуваат надлежните.
Подготвено од М.Д.