Opstina Aerodrom 2

04.04.2024 Скопје

Пролетта ги стави градоначалниците на општините пред предизвикот соодветно да се справат со зелените површини, хигиената и комуналните активности за почисти улици, паркови и јавни површини.

Првиот човек на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, во „полн ек“ работи оваа пролет. Во општината ќе никнат три паркови и тоа на три различни локации- Реонски центар Аеродром (зад трговскиот Лиса) и уште еден во Лисиче и Стар Аеродром.

Она што е значајно за аеродромци е тоа што овие паркови веќе оваа пролет ќе им бидат на располагање и ќе бидат вистинско место за уживање на сите генерации.

Паркот кај трговскиот центар „Лиса“, познат под името „Радост“ се одолговлечи, а постапката за негова изведба трае подолго од вообичаено. Од Општината уверуваат дека нема простор за паника, а ваквиот исход е заради тоа што за реализација се вклучени повеќе партнери и тоа дополнително влијае врз неговото пролонгирање.

Таму досега завршен е ископот на земјените работи, поставена е хидрантска мрежа, а во моментов се поставуваат електричните инсталации. Во текот на следниот месец ќе почне изведбата на пешачките патеки, по чие завршување ќе се пристапи кон хортикултурно уредување на просторот и засадување на зелени садници.

И населбата Лисиче нема да биде изоставена. Муцунски најави дека се добива нова зелена, урбана површина на простор од 1000 метри квадратни.

Подготвено од М.Д.

About Author