25.04.2024 Скопје
Евентуалното трајно распоредување на нуклеарно оружје на НАТО во Полска ќе биде воена цел за Русија, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
Тој изјави дека заедничките нуклеарни мисии на земјите на НАТО во близина на границата со Русија претставуваат закана за руската безбедност.
Полскиот претседател Анджеј Дуда неодамна изјави дека полските власти се подготвени да примат американско нуклеарно оружје на нивна територија.
„Сите политичари кои зборуваат за таква опција во и надвор од Полска треба да знаат дека каков било чекор во таа насока нема да придонесе за безбедноста на Полска и соодветните објекти неизбежно ќе бидат цел“, рече Рјабков.
Подготвено од А.Ѓ.