22.04.2024 Скопје
Со 360 гласа „за“ и само 58 „против“, во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес беше донесен закон, кој може да доведе до целосна забрана за користење на социјалната платформа ТикТок.
Донесувањето на овој закон може да значи дека Владата за прв пат ќе донесе закон за исклучување на социјална мрежа. Сенатот се очекува да гласа за нацрт-законот следната недела, а американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе го потпише овој закон.
Овој закон ги штити Американците, а особено американските деца, од злонамерното влијание на кинеската пропаганда преку апликацијата „ТикТок“.
Усвојувањето на ажурираната верзија на нацрт-законот дојде откако претседателката на Комитетот за трговија на Сенатот во март го повика Домот да ги ревидира деталите за законот, со кој сега се продолжува периодот на продажба на матичната компанија на TикТок, Bytedance од шест месеци на една година.
Критичарите на популарната апликација за социјално вмрежување тврдат дека Bytedance, со седиште во Кина, може да собира податоци за корисници и да цензурира содржина која е критична кон кинеската влада.
Во меѓувреме, TикТок постојано изјавува дека нема и нема да споделува податоци за американските корисници со кинеската влада.
„ТикТок е независна платформа, со свој лидерски тим, вклучително и извршен директор со седиште во Сингапур, КОО со седиште во САД и глобален шеф на доверба и безбедност со седиште во Ирска“, велат од компанијата.
Како одговор на почетокот на неделава на претстојното гласање во Претставничкиот дом, ТикТок напиша објава на социјалните мрежи во која го изразува своето незадоволство од законот и способноста на САД да „заклучат платформа која придонесува со 24 милијарди долари за американската економија годишно“.
Подготвено од А.Ѓ.