MONA LIZA

29.04.2024 Скопје

Една од најпознатите слики-портрети „Мона Лиза“, може да добие сопствена просторија во „Лувр“, потврди претседателката на францускиот музеј, Лоренс Де Карс.

Според неа, ваквото преместување ќе им даде подобро искуство на посетителите, од кои многумина доаѓаат во „Лувр“ само поради оваа слика.

„Секогаш е фрустрирачки кога на посетителите не им го приредувате најдобриот можен прием, а тоа е случај со ‘Мона Лиза’“, рече таа.

„Денес ми се чини како неопходно и подобро решение“, нагласи таа, додавајќи дека „Лувр“ е во контакт со Министерството за култура за потенцијални решенија.

„Лувр“, најпопуларниот музеј во светот, прими речиси 9 милиони посетители во 2023 година.

Де Карс рече дека 80% од нив – 20.000 луѓе дневно – се пробиваат пред пред толпата да погледнат во загадочната насмевка на Мона Лиза, често правејќи селфи пред сликата.

„Мона Лиза“ виси во т.н. државна соба (Salle des États) во „Лувр“, најголемата во музејот, во заштитно стаклено куќиште, но ремек-делото на Леонардо Да Винчи не е само.

Придружувано е со дела од венецијански мајстори од 16 век, а низ собата виси најголемата слика на „Лувр“, „Свадбата во Кана“ од Паоло Веронезе.

„Мона Лиза“ беше цел на двајца еколошки демонстранти во јануари, кои фрлаа супа, повикувајќи на „здрава и одржлива храна“. Сликата која се наоѓаше зад непробојно стакло бише неоштетена.

Подготвено од М.Д.

About Author