29.04.2024 Скопје
Во Министерството за надворешни работи денеска се одбележува 55 години од неговото постоење.
По повод Денот на Министерството за надворешни работи министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе одржи прес-конференција, а вчера дипломатскиот клуб од Скопје го одбележа Денот на македонската дипломатија со садење дрво пред зградата на МНР и посета на Меморијалниот музеј на АСНОМ во Пелинце.
Македонската дипломатија своите почетоци ги има во Бирото за односи со странство формирано во 1969 година.
Република Северна Македонија имаше свои дипломати кои работеа во југословенската дипломатија во Белград и во странство, како и во републичкиот орган за односи со странство.
Во 1991 година овој орган прерасна во Министерство за надворешни работи.
Министерството за надворешни работи ги врши работите што се однесуваат на надворешните работи и надворешната политика на Република Северна Македонија.
Една од најзначајните дипломатски активности на ова Министерство беше претседавањето со ОБСЕ кое ја одбележа изминатата 2023 година кога нашата држава беше домаќин на Самитот на ОБСЕ.
Подготвено од М.Д.