PANCE TOSKOVSKI

13.04.2024 Скопје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со шефицата на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на претседателските и парламентарните избори, Џилиан Стирк.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи на средбата, министерот Тошковски ја запознал Стирк со начинот на функционирање на Министерството за внатрешни работи во насока на обезбедување на законито и професионално постапување за организирање и спроведување на фер и демократски изборен процес.

Во тој контекст се заблагодарил за поддршката во изготвувањето на Прирачниците за постапувањето на полицијата за време на избори, истакнувајќи дека тие се добра алатка која значително ќе го олесни овој процес.

Тошковски информирал дека има добра меѓуинституционална соработка со останатите државни институции за кои оценил дека имаат законска улога во учеството на изборниот процес.

Подготвено од М.Д.

About Author