jakov milatovikj

11.04.2024 Скопје

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, порача дека целта е Црна Гора во 2028 година да стане 28-ма членка на ЕУ, што ќе биде добар сигнал за земјите од регионот дека процесот на проширување е жив и дека реформите се исплатуваат.

Милатовиќ, кој денеска го отвори деветтиот економски форум Делфи во Грција, истакна дека институционалниот развој е видлив и во Црна Гора, а влезот во ЕУ е најдобрата гаранција дека програмата за реформи ќе опстане.

Во своето воведно обраќање Милатовиќ зборуваше за промените што се случија во Црна Гора во претходниот период.

„Тој посочи дека, иако сме горда нација со долга државна историја, за прв пат во Црна Гора владата беше сменета на избори дури во 2020 година, кога Црна Гора конечно влезе во нова етапа на демократски развој“, соопштија од Кабинетот на претседателот на Црна Гора.

Зборувајќи за економската состојба, Милатовиќ изјави дека Црна Гора значително го подобрила животниот стандард на своите граѓани преку низа структурни реформи во претходниот период и преку подобрување на деловното и инвестициското опкружување.

Милатовиќ додаде дека на овој начин дојде до брзо економско закрепнување, оценувајќи дека „како мал систем имаме одлична можност да постигнеме брза економска конвергенција и да се доближиме до стандардот на ЕУ“, се наведува во соопштението.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author