02.04.2024 Скопје
Microsoft и OpenAI го најавуваат Stargate, нов проект за центар за податоци за суперкомпјутерски AI со седиште во САД. Се вели дека проектот чини повеќе од 115 милијарди долари и се планира да биде завршен до 2028 година.
Зголемените барања на облак-технологијата за генеративна вештачка интелигенција ја забрзаа побарувачката за центри за податоци ориентирани кон вештачката интелигенција кои можат да се справат со понапредни задачи од традиционалните.
Проектот за суперкомпјутер Stargate е дизајниран да има пет фази и чини повеќе од тројно од она што Microsoft го потроши минатата година на сервери, згради и друга опрема.
Дополнително, за напојување на суперкомпјутерот, кој се проценува на неколку гигавати, најверојатно ќе треба Microsoft и OpenAI да користат некои алтернативни извори како што е нуклеарната енергија.
Ова отвора простор за дискусии за безбедноста – нуклеарната енергија произведува радиоактивен отпад, а некои материјали можат да останат радиоактивни и опасни по здравјето на луѓето илјадници години.
Microsoft и OpenAI ќе работат на разгледување на потенцијалните ризици на не само еден таков суперкомпјутер, туку стотици исти или слични, со цел најдобро да се утврдат последиците за екологијата.
Подготвено од А.Ѓ.