mickovski-pres-6

25.04.2024 Скопје

После денешниот ден, јас повикувам на целосно народно и седржавно обединување против оваа власт, подавам рака и ги повикувам сите дојдете да се сплотиме и обединиме. Овде имаме работа поважна од секоја партија. За Македонија се работи, ова е тоа време, ова е нашето време, сега е моментот да се обединиме, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција по затворањето на гласачките места на првиот круг од изборите за претседател на Република Северна Македонија.

„Народ се излеа и пораката е јасна – Република Северна Македонија не се плаши и се враќа во рацете на народот. Целиот народ, ние со вас, наспроти стотина трговци од ДУИ и СДСМ кои се причина за криминалот и страдањата во Република Северна Македонија. Таа покажа дека е посилна од криминалот и корупцијата и дека народот е определен“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека пред прес-конференцијата го побарал Арбен Таравари, кандидат на коалицијата на опозициските партии на Албанците, на кој му посакал успех на парламентарните и иднина во власта.

„Република Северна Македонија ќе ги мобилизира сите капацитети. Време е да си ја вратиме оваа Македонија и да испишиме нова деценија. Да не дозволиме ДУИ во вториот круг да направи добар резултат и затоа ве повикувам да излезете да гласаме за Република Северна Македонија за да биде повторно горда и да биде повторно ваша“, рече Мицкоски од партиската говорница.

Подготвено од М.Д.

About Author