mickovski-pres-6

15.04.2024 Скопје

Вчера го слушам Артан Груби како го поставува условот за поддршка на ДУИ за вториот круг од претседателските избори. Ајде што го пуштија Бујар Османи низ вода, туку и јавно порачаа ДУИ дека условот е прифаќање на промена на Уставот со цел избор на претседател на државата во Собрание, по теркот на Али Ахмети“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

Мицкоски продолжи и истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ е јасно дека ова не е прифатливо, главното прашање е кој е ставот на измеќарот Стево Пендаровски за овој услов на ДУИ и Али Ахмети.

„Излегоа утрово од неговиот кабинет срамежливо да кажат дека подобро би било да се избира на непосредни избори. Стево, продолжуваш да бидеш аналитичар, а сакаш да имаш уште 5 години како претседател. Излези, еве имаш можност, денес, утре на некој од оние полупразни настани и кажи дали за тебе е прифатливо во иднина да се промени Уставот и претседателот на Република Северна Македонија да се избира во Собранието, а не непосредни избори како што се правеше досега. Дали сакаш да го суспендираш народниот глас, суверенот во Република Северна  Македонија и сакаш да дозволиш таму некаде во некоја канцеларија во Зајас да се кори судбината и иднината на Република Северна Македонија“, истакна Мицкоски.

Подготвено од М.Д.

About Author