12.04.2024 Скопје
Во овој период од суштинско значење е да се зборува за меѓуврсничкото насилство за да се подигне јавната свест со цел да се заштитат учениците и нивната иднина.
Експертите укажувајќи на проблемот потенцираат дека родителите се тие кои инвестираат во иднината на едно дете и дека насилството покрај тоа што е индивидуален проблем, тој исто така е семеен и проблем на општеството.
Извештајот на ОЕЦД (Организацијата за економска соработка и развој) за 2022 година, укажува дека 19 отсто од девојчињата и 19 отсто од момчињата од Република Северна Македонија истакнале дека биле жртва на врсничко насилство барем неколку пати месечно, а просекот на ОЕЦД е 20 отсто од девојчињата и 21 отсто од момчињата.
Порталот racin.mk за проблемот со меѓу врсничкото насилство кој е во подем разговараше со експертите д-р Љубинка Дамјановиќ – специјалист психијатар на поликлиника Бит Пазар, во Скопје и Кристина Атанасова, стручен соработник – психолог во Гимназијата Јосип Броз Тито.
Говорејќи за причините за меѓуврсничкото насилство, д-р Љубинка Дамјановиќ истакна дека модерниот начин на живот доведе до тоа да луѓето да се изолираат и дистанцираат едни од други.
Подготвено од М.Д.