IZLOZBA MEGJUNARIDEN DEN NA ROMITE

04.04.2024 Скопје

Во „Сити мол“ од први април е поставена изложбата „Кои сме ние?“ по повод Меѓународниот ден на Ромите (8 април). Изложбата на Институтот „Ромалитико“ е поставена до 14 април.

На 8 април пак, со почеток во 12 часот, ќе се одржи настан за одбележување на денот придружен со музички перформанс и презентација на факти.

„Изложбата претставува можност за граѓаните да бидат дел и да учестуваат на еден интересен час по ромска историја, јазик и култура. На изложбата ќе дознаете кои познати светски личности имаат ромско потекло, ќе научите по некој збор од мини речникот на ромски јазик и факти од историјата и културата на Ромите“, велат од „Ромалитико“.

Како што истакнуваат тие, таа претставува јавен историско-културолошки час за посетителите.

„Идејата е да ја доближиме нашата историја до нашите сограѓании и да го одбележиме светскиот ден на Ромите во меинстрим амбиент“, велат од „Ромалитико“.

Дополнително, „Ромалитико“ на 13 април на Школка во Градскиот парк организира и хепенинг со почеток од 11 часот.

Подготвено од М.Д.

About Author