03.04.2024 Скопје
Претседателот на Боцвана Могвечи Масиси се закани дека ќе испрати 20.000 слонови во Германија поради предупредувањата од германското Министерство за животна средина дека може да се воведат построги ограничувања за увозот на ловечки трофеи.
Масиси за германски „Билд“ изјави дека таквата забрана ќе го осиромаши народот на Боцвана бидејќи стадата слонови го оштетуваат имотот и ги јадат посевите.
Тој додаде дека Германците треба да живеат заедно со животните „како што им кажуваат на другите како да живеат“ и додаде дека е лесно да се седи во Берлин и да се има мислење за работите во Боцвана.
Африканскиот лидер тврдеше дека напорите за зачувување на слоновите доведоа до зголемување на бројот на слонови и дека ловот е важно средство да се држи тој број под контрола.
Боцвана го забрани „ловот на трофеи“ во 2014 година, но ги укина ограничувањата во 2019 година под притисок на локалните заедници.
Земјата е дом на најголемата популација на слонови во светот и понуди 8.000 слонови на Ангола и уште 500 на Мозамбик, а властите се заканија дека ќе испратат 10.000 слонови во Лондон во март.
„Би сакале да и понудиме таков подарок на Германија“, рече Масиси, додавајќи дека „нема да земат не за одговор“.
Подготвено од А.Ѓ.