11.04.2024 Скопје
31-годишен мароканец е фатен во близина на македонско-српската граница со украден камион со кочански таблици.
Кражбата е откриена кога граничните полицајци го фатиле мароканскиот државјанин во близина на границата со Србија. МВР извести дека и “возачот” од Мароко и камионот се предадени на полицијата во Кочани каде е украдено возилото.
„На 09.04.2024 во 22.25 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот во с.Лојане на место викано Миратовски пат поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“ го лишиле од слобода А.Е.(31) од Мароко. Претходно, за товарното возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки во Полициската станица Кочани било пријавено дека било одземено од непознато лице. По насоки од јавен обвинител лицето и возилото ќе бидат предадени на полициски службеници од Полициската станица Кочани за понатамошна постапка“, соопшти МВР.
Подготвено од М.Д.