MAKSIM DIMITRIEVSKI KAMPANJA

18.04.2024 Скопје

„Се одважив, влегов во оваа битка за иден претседател на државата затоа што сметам дека Република Северна Македонија заслужува претседател од граѓаните, со граѓаните и за граѓаните. И затоа мојот приоритет во иднина ќе бидат единствено граѓаните“, нагласи Максим Димитриевски, претседателски кандидат на Движењето ЗНАМ-За наша Македонија во скопски Бутел.

„Република Северна Македонија има потреба и треба да избере лидер, татко на нацијата, со интегритет, кредибилитет и карактер, кој заедно со граѓаните гордо ќе чекори во Република Северна Македонија. По Илинден и АСНОМ, време е за ново изборно востание  од граѓаните, за граѓаните“, е пораката која Димитриевски ја испрати од Бутел и им порача на граѓаните да ја пренесат на сите нивни сограѓани.

Димитриевски нагласи дека ќе работи на обединување на граѓаните, на обединување и на власта и на опозицијата бидејќи, подвлече, зад мене ќе го имам „ЗНАМ“ без кој власт нема да биде можна во државата.

Во однос на предлозите за избор на претседател на државата во Собранието, Димитриевски е дециден дека претседателот треба да се избира на непосредни избори.

Вие граѓаните го давате легитимитетот на претседателот и на тој што ќе го изберете да ве претставува и заштитува. Ветувам дека ќе бидам претседател од граѓаните, со граѓаните и за граѓаните, рече кандидатот за претседател на „ЗНАМ“.

Подготвено од М.Д.

About Author