МАКРОН: УЧИЛИШТАТА ТРЕБА ДА СЕ ЗАШТИТАТ ОД НАСИЛСТВО

06.04.2024 Скопје

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека училиштата треба да бидат заштитени од „форма на отворено насилство“ меѓу младите.

„Се соочуваме со форма на отворено насилство меѓу нашите тинејџери, а понекогаш и меѓу младите, училиштата треба да бидат заштитени од ова“, рече Макрон.

За време на посетата на основното училиште во Париз по двата насилни напади врз тинејџери во последните денови, Макрон рече дека училиштето мора да остане прибежиште за децата, нивните семејства и наставниците.

„Ќе бидеме непопустливи кон каква било форма на насилство“, нагласи Макрон и додаде дека истрагата треба да ги расветли двата инцидента.

Макрон зборуваше откако 15-годишен тинејџер беше претепан во четвртокот во близина на неговото училиште во град јужно од Париз и итно пренесен во болница откако доживеа срцев удар. Тинејџерот бил претепан од група луѓе во сиромашниот кварт Вири Шатијон, на околу 20 километри јужно од Париз.

Ова беше втор ваков напад оваа недела, откако 13-годишно девојче беше привремено оставено во кома откако беше претепано пред нејзиното училиште во јужниот град Монпеље во вторникот, 2 април.

Инцидентите се случија во време на зголемени тензии, откако на десетици училишта им се закануваа напади преку внатрешен систем за пораки.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author