PLATEZNI KARTICKI

12.04.2024 Скопје

Лани македноските граѓани потрошиле речиси 650 милиони евра купувајќи во онлајн продавници. Податоците на асоцијацијата на е трговија на Република Северна Македонија покажуваа дека околу 454 милиони евра биле потрошени во домашните виртуени продавници, останатите 195,4милиони евра се купувале во странски.

Анализата на  Aсоциација на е трговија наРепублика Северна Македонија  покажува дека во 2023 година има пораст на трансакции од 15.2% во домашните е-про, бооднос на минатата година. Според АЕТМ просечната вредност на направените онлајн транскации во 2023 е 33.7евра и е поголема за 2.3% од 2022 година.Растот на просечната вредност бил поголем кај правните лица каде што просечната трансакција се зголемувала за 6.8% и изнесува 45.6евра, додека кај визичките изнесува 30.3евра и има минимален пораст од 10.05%.

„Притоа, вредноста на направените вкупни е-трансакции од физички лица изнесува 455.6 милиони евра и има пораст од 18.7%, додека правните лица оствариле пораст од 16.3% во однос на 2022 година. Доминира учеството на физичките лица во направените вкупни трансакции со 70.2%. Се зголемува и бројот на вкупните онлајн трансакции, но со помал интензитет на пораст односно 15.2% во однос на 2022 година. Кај правните лица бројот на реализираните вкупни е-трансакции се зголемува за 8.7%, додека кај физичките лица за 17.1% во однос на минатата година.“ – велат од Асоцијацијата на е трговија на Република Северна Македонија.

Што се однесува до структурата на бројот на направените е-трансакции според потеклото на картичката и местото на направената трансакција кон домашните е-трговци Македонци и странци со своите картички оствариле 76% од трансакциите, додека во странство Македонците оствариле 24% од трансакциите.

Во 2023 година, имало 1703 виртуелни места на продажба, што претставува зголемување од 105 нови интернет продавници што  е повеќе 6.5% во однос на 2022година.  75% од е продавниците ладни биле активни, односно 1300 имале барем една трансакција во текот на 2023 година.

Подготвено од М.Д.

About Author