luj viton

09.04.2024 Скопје

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека се надева дека до 2026 година француската модна компанија Луј Витон ќе отвори свое претставништво во Белград и оцени дека тоа ќе биде значајно за Србија и на економски и на туристички план.

„Се надеваме дека во 2026 година Луј Витон конечно ќе дојде во Србија во Белград на вода. Толку се боревме за тоа. Луј Витон е „предводник“ и кога ќе дојде Луј Витон, тогаш доаѓаат сите големи“, рече Вучиќ во Париз по Деловниот совет Франција-Србија, каде што се сретна со претставници на француската бизнис асоцијација Движење на француските претприемачи – МЕДЕФ Интернационал.

Тој оцени дека тоа ќе биде исклучително значајно за Србија кога е во прашање економијата, но и туризмот.

„Значи, верувам дека ќе го имаме Луј Витон за две години во нашиот главен град. И дека тоа ќе биде уште една инјекција. После се што правиме, и директно пред Експо, што ќе значи многу за нашата земја дури и на тоа симболично ниво“, рече Вучиќ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author