08.04.2024 Скопје
Летната температура пристигна во Германија порано од кога било, покажаа прелиминарните податоци од мерните станици, објави Германската метеоролошка служба (ДВД).
Во соопштението се наведува дека во југозападниот пограничен град Олсбах, во близина на францускиот град Стразбур, во саботата е измерена температура од 30,1 Целзиусов степен.
Метеоролошката служба смета дека 30 степени е прагот за „топло“ време.
Никогаш од почетокот на систематското следење на временските услови во Германија немало потопол ден во овој период од годината од вчера, пишува ДВД.
Во југозападните градови Фрајбург и Рајнфелден измерени се 29,8 степени и 29,6 степени.
Бројките се прелиминарни и ќе бидат повторно анализирани во наредните денови, забележува ДВД.
Претходниот максимум за почетокот на април беше во 2011 година, кога беше измерена температура од 27,7 степени Целзиусови.
Подготвено од А.Ѓ.