03.04.2024 Скопје
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја возобнови и подобри мерката “Купи куќа за млади”, илјадници млади ќе стигнат полесно до свој дом, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има проактивен пристап во градење на услови за останување на младите во Република Северна Македонија, од креирање на подобра бизнис клима, систем на владеење на право до политики и мерки кои ќе го олеснат процесот на младите за стекнување на сопствен дом.
Мерката “Купи куќа за млади” која во минатото даде големи резултати, ќе се обнови, но и подобри. Целта е илјадници млади да дојдат до свој дом, да го градат семејството во Република Северна Македонија и да живеат и творат тука.
Преку мерката “Купи куќа за млади” се дава сигурност на младите дека Македонија мисли на нив и дека им овозможува услови за добар и просперитетен живот.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги има младите и луѓето на прво место, за Република Северна Македонија повторно твоја. Промените се во твои раце, се вели во партиското соопштение.
Подготвено од М.Д.