kosovo-parada-na-gordosta

27.04.2024 Скопје

Премиерот на Косово Аљбин Курти изјави во Берлин дека Косово ќе ги исполни сите услови да стане членка на Советот на Европа и дека во мај ќе ги легализира истополовите заедници и дека ќе работи на тоа да им излезе во пресрет на правата и потребите на малцинските етнички заедници, вклучувајќи го српското малцинство.

„Косово ќе се потруди наскоро да стане втората држава на Западен Балкан, по Црна Гора, која на своите граѓани им го гарантира правото на истополово животно партнерство. Напорно ќе работиме на тоа да го поминеме во блиска иднина“, кажа Курти во германскиот парламент.

Тој на маргините на вчерашниот собир, кој по повод 75-годишнината од формирањето на Советот на Европа го организираше германската владејачка партија СПД, за порталот Еуроактив кажа дека за разлика од 2022 година, сега има поддршка од мнозинството пратеници на својата партија Самоопределување за легализација на истополовите заедници да се гласа во мај.

Курти изрази уверување дека предлогот ќе биде усвоен во парламентот, иако мора да убеди уште единаесет пратеници од опозицијата да гласаат за него. Додаде дека одлуката за седница на владата за тоа прашање веќе е донесена.

Воведувањето истополови бракови би било, според Еуроактив голем чекор бидејќи Косово би станало првата мнозински муслиманска држава која направила такво нешто.

Косовскиот премиер кажа дека влегувањето во Советот на Европа е првиот чекор кон влегувањето во Европската Унија. Тој во својот говор потсети дека во април пред 75 години, во 1949 година, се створени двете институции кои ја трансформираа европската историја – НАТО и Советот на Европа, кои ги опиша како столбови на демократскиот мир во Европа.

Тој додаде дека од „Германија и германските пријатели ќе побара да помогнат“ пристапувањето на Косово во Советот на Европа да се стави на дневниот ред на претстојната средба на министрите за надворешни работи на членките и во тоа да ги убедат другите.

Подготвено од М.Д.

About Author