https://www.facebook.com/photo.php?fbid=750785913084057&set=pb.100044579644794.-2207520000.&type=3

02.04.2024 Скопје

Изминативе три недели, во Тетово главна тема на граѓаните се високите сметки за вода и канализација кои дојдоа откако австриско-словенечката фирма „Саубмахер“ по пат на јавно-приватно партнерство почна да стопанисува со комуналниот отпад, а со тоа се промени методологијата на наплата на овие давачки. Пристигнатите високи сметки предизвикаа револт кај тетовци бидејќи со новата методологија на пресметка по површина на станбен простор, наместо по член на семејство, како што беше досега, на тетовци почнаа да им доаѓаат сметки и за гаражи, подруми, штали и други објекти.

Поради ова, градоначалникот Билал Касами денеска на прес-конференција призна дена со новата методологија се направени бројни пропусти во начинот на наплатата и соопшти какви корекции се направени.

„Цената на водата и канализацијата по куќа ќе биде 320 денари, додека за оние кои живеат во стан ќе изнесува 230 денари.  Сите граѓани кои имаат повеќе од едно станбено живеалиште ќе плаќаат 50% од вселивиот простор, како и такса од 100 денари за вода и 100 денари за јавна чистота. Оваа методологија ќе важи и за станбениот простор на иселениците. За шарпланинските села цената на отпадот ќе биде 340 денари, додека во Голема и Мала Речица, Порој, Џепчиште, Фалише и Сараќино цената ќе биде 540 денари. Исто така, во сите фактури за февруари ќе се избрише надоместокот за плаќање вода и канализација. Граѓаните ќе треба да платат само за отпад и за јавна чистота“, изјави Касами.

Подготвено од М.Д.

About Author