22.04.2024 Скопје
Исхраната погодна за цревата е клучна за вашето здравје и долговечност.
Микробиомот богат со добри бактерии е важен не само за правилно варење, туку и за здравјето на имунитетот, регулација на расположението, па дури и може да игра улога во спречувањето на когнитивниот пад.
Затоа, многу е важно денот да го започнете со храна која го поддржува здравјето на цревата.
Гастроентерологот д-р Каролин Сојка откри што треба да содржи ваквиот појадок.
„Јајцата и кефирот се одличен начин за добивање протеини, како и здрави пробиотици кои се одлични за диверзификација на цревниот микробиом“, рече таа.
Овие две намирници го поддржуваат здравјето на цревата. Кефирот е ферментиран со природни бактерии и квасци, обезбедувајќи природен извор на пробиотици. Додека јајцата се преполни со хранливи придобивки, вклучувајќи протеини, омега-3 масни киселини, витамин Б и витамин Д.
Подготвено од А.Ѓ.