pesok

02.04.2024 Скопје

Силниот и топол ветер донесе околу 180.000 тони песок во Европа, изјави Андреј Шоштариќ од Градскиот институт за јавно здравје во Белград, повикувајќи се на прогнозите на метеоролозите.

Шоштариќ објасни дека песокот на Сахара не дозволува зраците да стигнат до површината и затоа луѓето не можеле да го видат Сонцето, иако се најавувал сончев ден.

Тој посочи дека треба да се следи присуството на песок во воздухот бидејќи е докажано дека има негативно влијание врз здравјето.

Шоштариќ препорача колку што е можно да се намали времето поминато надвор и да се следи концентрацијата на загадувачките материи на достапните интернет страници.

Дополнително, вели тој, неопходно е да се избегнува физичка активност на отворено, се додека песокот е присутен во воздухот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author