11.04.2024 Скопје
Нашето македонско бело злато – оризот конечно го вградивме во листата на стратешки важни култури за државата. Исполнивме уште еден даден збор пред земјоделците. На предлог на Министерството за земјоделство се направија измените на Законот за стокови резерви, со што оризовата арпа се вбројува во листатата на стратешки култури за државата. Ова го изјави министерот за земјоделство Љупчо Николовски при неговата посета на оризовите полиња во општина Чешиново-Облежево.
Според него, со новиот модел на субвенционирање стана стратешка земјоделска култура, одбрана за стопроцентна поддрша од државата.
Се цени македонскиот ориз, како што рече министерот, а се зголемува вредноста и мора да се цени и трудот на оризопроизводителите.
Подготвено од М.Д.