https://www.facebook.com/photo?fbid=10226004077193077&set=bc.AbrJCOsf6owyb0hyseS-F02vjgR7DqWAlOkLMDQMqHY6vKlYzXMpleK3gLn6bNaxfbbOwvfeOF7dgkive7KqL3bhofpDCHVnY6oJmB-GsY5CgqpTgFwkn8O0yZ3o0wFVrFCD_AlLAFBCZa9TGAy4RZr7kiMcvnEbd_IhexBdVN7ISh6qxzr-9p_vsgIwhQ-vvpjQWu49aNzNLtftjIT9_UJd&opaqueCursor=AbruIiS2cZg6T__-PPh0Ivi0R7yRdy7gmxV_zAmWWsAMqaQlfPJj8oPZDvu_uNwuNCiU8WNNCigedIRjtcvHJM5j-5EyLRYA_w15hGvZpmAVfWubwxU69YsRm46z43oqp9TA71eBecrBqAE7Jj9269F-Bei_4FrdmATF7GAcxecj6c-wTNCy554P1vjb4BieIsAiP34w4GPiHhleS2tHRbSISiTvOkJRt0E4-tgKkMZnR6gE33eAIvRgsQmXMa-4moAfVOq3AJkbAoQWJg_Kc_XoKoVKRxEuwBFemAOBFVVOKwOjXK8ZLK_zzCyUm76BrpmtTOv-hLm5XKaBWJ4kf8eNHaU7j539giwimoXyCnSyIcy8dYhjxZ0GSL5iR8q-jVxGkkaWdEeGOQE1BVYKuxco5aikPP-rsfBcz6n2wefTtlMEBtoU1Hh-BeXekfiQFBJ5U-mTfN69yQTEloQeUzsEIYKtUPJGXdiNMuP7MtEiUauX6-o29iHlEqJwxzr6eGHopeaLwrOw1uu-9njdggonVFGdp1nkByxlv2XOB70vRb_7gAH1-0VBZSK6kk8V8Cj0PKinODC_m9307YAqM0NyexrCX_596o1y32ihTDi4naYWe1zeeph1e8VYAvhYMHxrfZdUANDlNOIpJnRiXvt0NI9oPXTCgl94nkjPtJP77n1eLsdGDQDjkRghcRcaXgE

30.04.2024 Скопје

Судскиот совет на вчерашната седница ја одложи точката за утврдување на кандидатски листи по објавен оглас за избор на двајца членови на Судскиот совет од Врховниот суд и од апелационо подрачје Битола.

Одложена беше и точката за разгледување на Извештај на Комисијата за рангирање на кандидати за избор на судии на Врховен суд и не беше изгласано на дневниот ред да се додаде избор на судии поротници на Основен суд Струмица и Кавадарци.

На Седницата беа усвоени записниците од 481 и 482 седница на Судскиот совет и беше формирана Комисија за измена и дополнување на процедури за работа на Судскиот совет на РСМ.

Судскиот совет продолжи со расправа по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите.

Советот денеска треба да одлучува и по Известување за итност и неодложност на постапка  по Барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд, како и по Известување за утврдена фактичка состојба по поднесено Барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и формирање на комисии на известители по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.

Подготвено од М.Д.

About Author