brza hrana

02.04.2024 Скопје

Работниците во брзата храна во Калифорнија од денес заработуваат најмалку 20 долари на час, што е повеќе од минималната плата во државата од 16 долари на час.

Новата плата е утврдена со државен закон усвоен во септември.

Со тој закон е формиран и деветчлен совет, кој ќе ги утврдува идните зголемувања на платите и ќе предлага други насоки за работните услови во индустријата.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, при потпишувањето на законот истакна дека во таа сојузна држава има повеќе од половина милион работници за брза храна.

Некои синџири за брза храна, погодени од новиот закон за задолжително зголемување на платите, одговорија со намалување на работната сила, при што некои отпуштаа возачи, додека други, како Мекдоналдс, најавија зголемување на цените на менито.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author