zlatoo

18.04.2024 Скопје

Цариниците на аеродромот Тиват од турски државјанин заплениле сребрен накит вреден над 10.000 евра.

При контрола на патниците, царинските службеници го прегледале багажот на турски државјанин кој патувал со лет за Истанбул, при што откриле непријавена стока.

Пронајдени се 181 парче сребрен накит со тежина од околу 2,1 килограм, чија вредност е проценета на 10.850 евра, соопшти Царинската управа на Црна Гора.

Поради сторен прекршок, на патникот изречена му е изречена глоба од 500 евра, а стоката е трајно одземена.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author