09.04.2024 Скопје
Кириите во Амстердам се највисоки во Европа, а холандскиот Ротердам и Хаг се меѓу петте најскапи градови, покажа истражувањето на агенцијата Housing Anywhere.
Агенцијата за среднорочно изнајмување Housing eviver ги прегледа кириите за повеќе од 67.000 домови во 28 европски градови во првиот квартал од оваа година, а Амстердам се рангираше на прво место според цените, пред Рим и Париз.
Амстердам е на прво место во сите три категории со просечна кирија од 2.276 евра месечно за стан, 1.740 евра за гарсоњера и 963 евра за соба.
Просечната кирија за стан во Ротердам е 1.795 евра, а во Хаг 1.790 евра.
Во Ротердам цените на киријата се зголемија за 15,8 отсто на годишно ниво, а во Хаг за дури 25,6 отсто.
На листата на десетте најскапи градови за изнајмување се најде уште еден холандски град Утрехт, кој го зазеде седмото место со просечна кирија од 1.746 евра.
Холандската асоцијација на станари Vonbond соопшти дека е шокирана од резултатите од истражувањето.
Веќе знаевме дека кириите се високи, но фактот што излеговме како „победници“ на ова истражување, односно губитници, е тажна вест, вели Мартен Видермаер од организацијата Вонбонд.
Според него, истражувањата покажале дека цените за изнајмување во Холандија се превисоки и треба да се ограничат.
Подготвено од А.Ѓ.