https://www.facebook.com/jakimovskis/photos/pb.100045073174998.-2207520000../1424734347640394/?type=3

05.04.2024 Скопје

Претседателскиот кандидат Стевче Јакимовски својата претседателска кампања ја почна од Тетово, каде што оствари средба со граѓаните.

„Им благодарам на тетовци за срдечниот пречек и навистина ми е чест што претседателската трка ја почнувам во Тетово. Огромната поддршка е доказ дека на граѓаните им е преку глава од црно-белиот свет на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, тетовци бараат промени. Храбро за Македонија’ има визија, имаме решенија и ќе донесеме суштински промени.

Како претседател на Република Северна Македонија нема да ги делам граѓаните по етничка и верска припадност, јас ќе бидам претседател на сите и секој граѓанин во мене ќе има свој заштитник“, вели Јакимовски.

Подготвено од М.Д.

About Author