06.04.2024 Скопје
Ланската година 93-те регистрирани извршители добро ја сработија својата работа присино имаат наплатено нешто под 160 милиони евра конкетно 159 761 407 евра покажува извештајот објавен од нивната комора за 2023.
Според структурата на должници, извршителите во последната година наплатиле најмногу парични средства од правни лица 90 339 126 евра, од физички лица 41 892 807 евра и од државата 29 532 197 евра.
На прашање до граѓаните од што најмногу се плашат кога ќе се спомене извршител и колку се реални нивните наплаќања, отсечно велат не дај боже да дојде работата до извршител тогаш е готово.
Рекордна наплата извршителите имале кај граѓаните поединци 41,9 милиони евра, резултат подобар од една година претходно кога наплатиле 40,5 милиони евра во 2022, која пред тоа важеше за убедливо најуспешна.
Рекордна е и наплатата од државните институции како должници – 29,53 милиони евра, што е далеку најдобар резултат од претходните години. Од бизнисот, односно од правните лица, биле наппатени 90,34 милиони евра.
Од табеларните прикази во годишниот извештај за 18 години или во период од 2006 до 2023 на граѓаните преку извршител им е наплатено без малку 2 милијарди евра, 1.922.795.933,64 евра.
Подготвено од М.Д.