srpski vozachi na kamioni

06.04.2024 Скопје

Вкупната вредност на извозот на стоки од земјава, во периодот јануари – февруари годинава, изнесува 1 207.9 милиони евра и бележи пад од 9.9 % во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 744.7 милиони евра, што е за 1.1 % помалку во споредба со првите два месеца од 2023 година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2024 година, изнесува 536.8 милиони евра. Покриеноста на увозот со извоз е 69.2 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Подготвено од М.Д.

About Author