15.04.2024 Скопје
Денеска треба да бидат отворени училиштата низ Израел, кои беа затворени по иранските напади со беспилотни летала и ракети во текот на ноќта.
„По проценката на ситуацијата, донесена е одлука за отворање образовни активности низ Израел. Во областите на север (на границата со Либан) и заедниците во близина на Појасот Газа, образовните активности ќе продолжат со ограничувања“, се вели во соопштението на армијата.
Се додава дека на повеќето места ќе бидат укинати и ограничувањата за големи собири.
Иран лансираше повеќе од 300 проектили и беспилотни летала на израелска територија во саботата вечерта, од кои огромното мнозинство беа пресретнати од Израел и неговите сојузници, соопшти војската. Во нападот се повредени 12 лица. Техеран рече дека нападот бил одмазда за израелскиот воздушен напад врз зградата на иранскиот конзулат во Дамаск, во кој загинаа командантот на иранската револуционерна гарда (IRCG) во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет офицери. кои ги придружувале.
Подготвено од А.Ѓ.