17.04.2024 Скопје
Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да шпекулира за тоа каков ќе биде одговорот на Израел на иранскиот напад.
„Нека бидат нервозни“, рече функционерот по денешната средба на воениот кабинет во намален состав и додаде дека одговорот на Израел може да биде „во Иран или надвор од Иран“.
Како што изјави функционерот, мислењето на мнозинството во воениот кабинет е дека на нападот од Иран треба да се одговори со сила.
Иран во текот на ноќта измеѓу сабота и недела изврши напад со беспилотни летала и балистички и крстосувачки ракети врз Израел како одмазда за нападот на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, за кој го обвини Израел.
Подготвено од А.Ѓ.