https://www.flickr.com/photos/anwar-nillufary/31342279683/in/photolist-PKBnNt-LYEBBp-bWJKD9-myknLj-6aTTuC-5USVvY-MCXpsX-cqXNG7-34ykD-88rMEi-bSUgyn-oDqNAo-dtcRrR-87FvXU-K5E6ch-myioUr-cvW1rA-Mh5RLQ-28bBkwq-uehufu-38DeYB-Yq5yZN-8iMg6x-FNvaKB-DfvZv-rf1aFc-24XwRb2-YmzNjc-3PCkfR-GiQhH6-264edeW-26fuQZd-9TK3EP-axtM8f-exX77P-9nGoxw-bWJQkG-9fWuoG-2dDeT4h-e9WbGR-9RUMYK-DaRgiK-aZrudF-27WKJf1-27QRTTq-oJzKyU-2bXUw93-k7oXsM-8Hmx2z-dnhU8M

15.04.2024 Скопје

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари рече дека владата ги одобрила плановите и за офанзивна и за одбранбена акција по иранскиот напад.

Хамас и Иран сакаат да го запалат Блискиот Исток и да доведат до ескалација во регионот, рече Хагари на прес-конференција, додавајќи дека ИД и понатаму е во состојба на висока готовност.

„Во последните два часа одобривме оперативни планови и за офанзивата и за одбранбената. Ќе продолжиме да ја штитиме државата Израел и заедно со нашите партнери ќе продолжиме да градиме побезбедна и постабилна иднина за целиот Блиски Исток“, рече контраадмиралот Даниел Хагари.

Тој не даде детали за одобрените планови кои беа изгласани на состанокот на Воениот кабинет.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author