https://www.flickr.com/photos/anwar-nillufary/31342279683/in/photolist-PKBnNt-LYEBBp-bWJKD9-myknLj-6aTTuC-5USVvY-MCXpsX-cqXNG7-34ykD-88rMEi-bSUgyn-oDqNAo-dtcRrR-87FvXU-K5E6ch-myioUr-cvW1rA-Mh5RLQ-28bBkwq-uehufu-38DeYB-Yq5yZN-8iMg6x-FNvaKB-DfvZv-rf1aFc-24XwRb2-YmzNjc-3PCkfR-GiQhH6-264edeW-26fuQZd-9TK3EP-axtM8f-exX77P-9nGoxw-bWJQkG-9fWuoG-2dDeT4h-e9WbGR-9RUMYK-DaRgiK-aZrudF-27WKJf1-27QRTTq-oJzKyU-2bXUw93-k7oXsM-8Hmx2z-dnhU8M

19.04.2024 Скопје

Израел утрово изврши напад на иранска територија.

Опсегот на целите не беше наведен, но „нуклеарните и цивилните локации очигледно не беа во таа категорија“, наведуваат светските медиуми.

Иранската државна телевизија јави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан околу 12:30 часот по локално време и биле уништени откако бил активиран системот за противвоздушна одбрана на земјата.

Претходно, полуофицијална новинска агенција објави дека „експлозии“ се слушнале во близина на меѓународниот аеродром во Исфахан.

Провинцијата Исфахан е дом на голема воздушна база, голем комплекс за производство на ракети и неколку нуклеарни локации.

Иранската агенција ИРНА јавува дека се прекинати летовите над неколку градови во земјата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author