https://www.flickr.com/photos/anwar-nillufary/31342279683/in/photolist-PKBnNt-LYEBBp-bWJKD9-myknLj-6aTTuC-5USVvY-MCXpsX-cqXNG7-34ykD-88rMEi-bSUgyn-oDqNAo-dtcRrR-87FvXU-K5E6ch-myioUr-cvW1rA-Mh5RLQ-28bBkwq-uehufu-38DeYB-Yq5yZN-8iMg6x-FNvaKB-DfvZv-rf1aFc-24XwRb2-YmzNjc-3PCkfR-GiQhH6-264edeW-26fuQZd-9TK3EP-axtM8f-exX77P-9nGoxw-bWJQkG-9fWuoG-2dDeT4h-e9WbGR-9RUMYK-DaRgiK-aZrudF-27WKJf1-27QRTTq-oJzKyU-2bXUw93-k7oXsM-8Hmx2z-dnhU8M

16.04.2024 Скопје

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац изјави денеска дека апелирал до одредени земји да воведат санкции за иранската ракетна програма и да ја прогласат Иранската револуционерна гарда за терористичка организација, по директниот ирански напад врз Израел минатиот викенд.

„Покрај воениот одговор на истрелувањето проектили и беспилотни летала, јас водам дипломатски напад врз Иран“, напиша Кац на социјалните мрежи.

Кац рече дека испратил писма на адреси на 32 земји и разговарал со бројни колеги, барајќи од нив „да воведат санкции за ракетната програма на Иран и да ја прогласат Револуционерната гарда за терористичка организација, со цел да се запре и ослабне Иран“.

„Мораме да го запреме Иран сега, пред да биде предоцна“, рече Кач.

Израел соопшти дека ќе одговори на иранскиот напад со проектили и беспилотни летала во текот на викендот, поради повиците на сојузниците да се избегне ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author