Biljana-Vankovska-1200x630

11.04.2024 Скопје

Билјана Ванковска, кандидатот на Левица за претседател, вчера повторно порача дека е неопходно да се започне процедура за излегување на Република Северна Македонија од НАТО.

„Како сиромашна земја која нема економски развој, а секоја година издвојува повеќе од два отсто од националниот БДП за НАТО, само тонеме во сиромаштија, а тоа што го издвојуваме оди за финансирање на туѓи војни“, им порача Ванковска на граѓаните на скопската општина Карпош.

Универзитетската професорка го повтори залагањето од нејзината изборна програма за донесување на нов Устав кој нема да биде етнички, туку граѓански, заснован на принципите на „општествената класна правда и еднакви можности“.

„Потребно е да се донесе нов Устав наместо да се надмудруваме кој ќе влезе во преамбулата. Тој Устав ќе биде модерен, затоа што ќе го донесеме за себе како политичка заедница која нема да се дели по етнички квоти, со олигархии и етнотрибализам, туку општествен устав, заснован на принципите на општествената класна правда и еднакви можности“, истакна Ванковска.

Вели како личност со интегритет и желба за обединување, а не да дели, Ванковска го честиташе празникот Рамазан Бајрам на сите муслимани овде, но и во светот.

Подготвено од М.Д.

About Author