ivan-stoiljkovic

22.04.2024 Скопје

Иван Стоилковиќ, преседател на Демократската партија на Србите во Република Северна Македонија ги коментира последните потези на Република Северна Македонија која „заби нож во грбот на Србија“ и тоа два пати –  со гласање за влез на лажната држава Косово во Советот на Европа како и со понудата да биде коспонзор на резолуцијата во ОН за наводен геноцид во Сребреница. „Македонскиот народ е огорчен, но Албанците повеќе нема да ни ја кројат капата“, вели Стоилковиќ.

Членовите на ДУИ, албански партија партнер на македонската партија СДСМ се апсолутно свесни дека без нив СДСМ никогаш не би се дофатила до власта и ја користат бескрупулозно ваквата своја добитна позиција и веќе водат самостојно македонска државна политика, вели Иван Стоилковиќ.

Дури, додава Стоилковиќ, потпишуваат и договори со кои буквално од корен се поништува идентитетот на мнозинскиот македонски народ.

„Притоа, праат неприципиелни пактови и се ставаат на располагање секому кој ровари против Србија и српскиот народ, додека квислиншките структури на СДСМ понизно ги следат во чекор, на тој начин додворувајќи им се на светските моќници кои и единствено можат да извршат притисок врз ДУИ и другите албански партии со кои ќе направат влада. Tажно, грдо и многу подло“, нагласува Стоилковиќ.

Подготвено од М.Д.

About Author